Не може да предложи кадровска промена на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, зашто „рацете му се врзани“ изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во поткастот на Плусинфо, во разговор со уредникот Бранко Героски.



Тошковски детално ги објаснува причините за своето незадоволство од начинот на кој техничката влада на Талат Џафери ги комплицира односите во врвот на МВР.