„Пепел направија од земјоделството! Што допреа – исушија! Мора да се стави крај на ова безумие!“ – реагира жестоко Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во врска со информациите за драматичниот пад земјоделското производство лани.
Во објавата на својот фејсбук-профилот Ковачки истакнува: Наместо домашно ќе јадеме увозно! Наместо парите кај нашите земјоделци, парите по белиот свет!
Страшни податоци од Статистика…преполовено производството на јаболка, круши, сливи и праски, драматично намалено кај сончогледот, домати, краставици, пченка и многу други култури.
Пепел направија. Пепел! Што допреа – исушија. Мора да се стави крај на ова безумие!
#Промени





