Импресивно, Силјановска за феноменот во 6. изборна единица и Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ открива дека во изборната единица шест се случил феномен досега невиден во Македонија на која таа е горда.



Во оваа патријахална средина ВМРО-ДПМНЕ кандидирала повеќе мажи од жени.

,,Присуствував на Конвенцијата на Коалицијата „Твоја Македонија“ за утврдување на кандидатските листи за парламентарни избори.

Импресивно. Вриеше како во пчелина кошница во Филхармонијата, небаре слушавме политичка симфонија со наслов/мото што раѓа НАДЕЖ за ХРАБАР ИСЧЕКОР од зоната на самракот во која сме втурнати.

Во првиот ред беа БРОЈНИТЕ коалициони партнери, а на бината се редеа кандидатите од секоја изборна единица, во чие име говореа носителите на листите”, го пренесува својот впечаток професорката Силјановска оценувајќи дека тоа што го слушнала било: кусо, умно, страсно, ПОЛЕТНО и РЕШИТЕЛНО!

,,На крајот, носителот на изборната единица број 1, г-динот Христијан Мицкоски ги реафирмира поентите од Програмата за темелни реформи и уште еднаш, во знак на ОДОБРУВАЊЕ, беше бурно награден со френетичен аплауз во знак на ДОВЕРБА!

Ме допре хармонизираноста на листите: полова, етничка, верска, возрасна, социјална.

Се израдував што меѓу кандидатките и кандидатите се најдоа и голем дел од пратеничките и пратениците од „мојот“ состав, кои ќе останат запаметени по образованоста, посветеноста, доследноста, достоинственоста, умот, духовитоста, гордоста! Ако не ми верувате, може да го проверите тврдењето. Одберете го собранискиот канал и проследете некоја комисиска и/или парламентарна седница. Споредете ги дискусиите на оние од власта и оние од опозицијата и ЌЕ ВИДИТЕ КОЈ(А) Е КОЈ(А), а кој е НИКОЈ(А)”, пишува Силјановска која дава други детали за феноменот во шестата изборна единица.

,На крајот, една ПРЕКРАСНА политичка анегдота! Знаете ли дека Државната изборна комисија по приемот на листите, и укажала на Коалицијата „Твоја Македонија“ дека во кандидатската листа за изборната единица број 6 (во која сè уште има силни реликти на патријархална, па и парохијална политичка култура), утврдила дека мажите не се застапени според законски утврдената квота од 40%, односно дека се дискриминирани?

✅ Време е за втемелување НОВА, ХУМАНА, ЖЕНСКО-МАШКА ЕРА и ПОЛИТИКА како уметност на можното”, пишува Силјановска.