Пронајдена девојката Ени која беше пријавена за исчезната

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Ени е најдена жива и здрава во близина на хотел во Скопје



-Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба“.

Ова попладнево го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Енкеледа Чела, која е државјанка на Албанија, а студира во Скопјебеше пријавена за исчезната откако не се вратила цела ноќ во домот во Скопје.