Само 1 од 20 граѓани мисли дека СДСМ и ДУИ добро се справуваат со корупцијата, инфлацијата, отселувањето…

Само 1 од 20 граѓани мисли дека власта на СДСМ и ДУИ добро се справува со корупцијата, криминалот и другите штетни појави, покажува најновата анкета на Маркет Вижн.



И натаму, како и на претходната анкета од декември минатата година, за граѓаните најголемиот проблем е криминалот и корупцијата во државата (29,2%).

На второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), потоа следуваат невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто…

Дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми сметаат 66,6 отсто од испитаниците во анкетата, а само 5,7 отсто или само околу 1 на 20 граѓани сметаат дека власта тоа го прави успешно.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Поврзани вести

Ако Пендаровски добро го чита Маркет Вижн треба веднаш да го фрли пешкирот пред Силјановска