Јилдирим: Не е во ред една земја да и наметнува име на друга

Турскиот премиер вели дека е погрешно Грција да диктира кое треба да биде официјалното име на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), но додава дека се надева оти двете соседни земји можат да го решат својот спор „спогодбено“, пренесе АП.



Говорејќи на заедничката конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев, кој е во посета на Турција, Бинали Јилдирим рече: „не е во ред една земја да го определува името на друга земја“.

БЈРМ и Грција повее од четврт век водат спор околу името „Македонија“, пренесува АП, но ветуваат дека ќе го решат спорот до лето. Грција вели дека името на земјата подразбира претензии кон грчката провинција Македонија, а тоа е причина што го попречува влезот во НАТО.

Премиерот Заев, како што пренесува АП, рекол дека најдобро решение е она што ќе го отвори патот за членство на Македонија во НАТО и во Европската унија, пренесуваат и грчки медиуми.