При денешната посета на пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вети дека викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи.
„Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000.“, рече министерот Тошковски
Тој изрази искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот…






