По двете спротивставени информации за начинот на кој живеат јавноста не може да процени кој од министрите на ДУИ е домаќин, кој не е домаќин, кој манипулира а кој може да си дозволи семејството да инвестира сериозни пари.
И додека министерот за надворешни работи Бујар Османи се жали дека ако не добие плата ќе мора да оди на заем министерот за економија Крешник односно неговата жена отвора луксузен локали.
Како што јавува Фактор сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши, ќе биде сопственичка на угостителски објект на булеварот „Ослободување“, главната и најпрометна артерија во Кичево.
Сопругата на министерот од Кичево заедно со својата сограѓанка Албулена Ризмани Далипи од пред неколку дена го формализирале отворањето на „Фреш 2019“ со адреса на „Булевар Ослободување бр.54“ со дејност „ресторани и останати објекти за послужување на храна“, јавува Фактор.
И двете сопруги на Османи и Бектеши се вработени во државни институции и како семејства добиваат меѓу 150 и 250 илјади денари со сите бенефиции кои ги носат атрактивните работни места на Османи, Бектеши и нивните сопруги.
Поврзани
Го откри ли Хајредини вистинскиот мотив за кандидатурата на Османи?






