ДУИ: Хибридната војна на путинистичка Русија поттикнува меѓуетничка омраза – Албанците не се дестабилизирачки чинител

„Клеветите на албанската опозиција дека ‘ДУИ сака да предизвика криза по првиот круг на претседателските избори’ се пресликани клевети на ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски.“ – тврди ДУИ во своето соопштение, кое го пренесе ТВ 21 под наслов „ДУИ: Албанската опозиција обвинува за сценарио на путинистичка Русија“.

Партијата на Али Ахмети наведува: „До вчера опозицијата се координираше со проруските центри, но од денеска тие функционираат со заеднички изборен штаб, со што станаа алатка на проруските центри во земјата.

Натаму ДУИ изнесува: „Убедени дека Бујар Османи ќе биде кандидатот кој ќе го помине првиот круг и всушност ќе биде новиот претседател во настапување, албанската опозиција започнува кампања за помош на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска, клеветејќи ги Бујар Османи и Европскиот фронт. Тоа го докажаа неодамнешните изјави, координирани со техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО ДПМНЕ , кој пред неколку дена побара засилено полициско присуство во Тетово и Гостивар, во обид да ги прикаже Албанците како дестабилизирачки чинител.“

ДУИ додава дека секогаш кога организирала избори биле спроведени на демократски начин и биле прифатени од сите меѓународни инстанци. „Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт на 24 април и 8 мај ќе ја забележат новата победа со повеќе од пратеници и така ќе го продолжат патот на брзо зачленување во Европската унија. Апелираме до граѓаните да не потпаднат на лажните вести, клевети и на специјалната руска хибридна војна, која поттикнува меѓуетничка омраза и го загрозува евроинтегративниот пат на земјата.“ – се наведува, меѓу другото, во соопштението на партијата на Али Ахмети.