Од денот на распишување на изборите, до 29 март оформени се вкупно 23 предмети, а три од нив оформивме по сопствена иницијатива, соопшти претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), Татјана Димитровска во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Еден од тие три се однесува на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, за кој министерката Славјанка Петровска истакна подготвеност да одговори на сите прашања во врска со набавката вредна близу 250 милиони евра>
Други два предмети се за набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и за постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар.
Останатите предмети се оформени по претставки и за сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација.





