Меѓународниот суд на правдата вчера четвртокот едногласно му нареди на Израел, обвинет од Јужна Африка за геноцид во Газа, да ги преземе сите неопходни и ефективни мерки за да обезбеди основни резерви на храна за палестинското население во енклавата и да го запре ширењето на гладот, пренесе Ројтерс.
Судиите во судот рекоа дека луѓето во крајбрежната енклава Појасот Газа се соочуваат со влошување на условите.
„Судот забележува дека Палестинците во Газа повеќе не се соочуваат само со ризик од глад (…), туку дека гладот започнува“, се вели во наредбата на судиите.
Новите мерки беа побарани од Јужна Африка како дел од нејзиниот случај кој го обвинува Израел за државен геноцид во Газа.
Високиот функционер на Хамас, Басем Наим рече дека пресудата не оди доволно далеку и дека на Израел мора да му се нареди да ја прекине својата воена офанзива за да ги запре страдањата.






