Познатиот косовски аналитичар и новинар Берат Бужала тврди дека во Тирана се одржал состанок за поделба на Косово на кој покрај премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот ма Косово Хашим Тачи учествувал и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според Бужала во Тирана било разговарано Северно Косово да го добие Србија, нешто што пред неколку дена го сугерирал и Австрискиот вице – премиер Хајнц Кристијан Штрахе.
На социјалните мрежи Бужала напиша дека тројцата лидери постигнале “договор кој ќе ги промени границите на Косово”.

“Ваквото сценарио нема да ги промени границите на другите држави туку само на Косово”, тврди Бужала.
Според пишувањето на неговиот весник Газета Експрес во приказната за поделбата на Косово е вклучена и Грција преку министерот Коѕиас кој ја поддржува идејата.
Дури, приштинскиот весник тврди дека претседателот Тачи бил во Брисел на средба посветена на поделбата на Косово а против идејата е премиерот Харадинај.
Советникот на Харадинај Авни Арифи вели дека е лудо да се помисли дека премиерот би можел да учествува во такви разговори.





