„Нема да прифатиме диктат како овој сега од Бугарија. Ние повеќе од две и пол децении откако го почнавме патот ние не сме почнале преговори“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МРТ.
„Мислам дека ЕУ треба да дојде и да каже што сака од Македонија и од овој народ. Македонија направи многу за европските вредности, сменивме многу работи. Се направија многу отстапки верувајќи на зборот на европските политичари. Но, факт е дека тие не си го исполнија ветеното, а тука се правеше се, македонските политичари прифатија се“, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека непринципиелен однос на ЕУ треба да престане посочувајќи го примерот со давањето почеток на преговори со БиХ.
Според него Европската унија треба да е јасна кон Македонија и да каже јасно што треба да се направи, бидејќи Македонија направи големи жртви.
„Токму затоа ние велиме ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за тоа што овој народ може да очекува, што може да се направи“, кажа Мицкоски.






