Мицкоски: „Платформа 1198″ е основата на идното управување со државата, ќе обезбеди надеж и промени

Состојбата во државата е таква каква што е многу лоша, катастрофална,оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди надеж, дека овие седум години нема да се повторат, а на таа основа е создадена „Платформата 1198″. Мицкоски во гостување во МРТ во централниот Дневник кажа дека е подготвувана неколку месеци



Тој укажа која е идејата на партијата, односно што мислат да постигнат со Платформата.
„Со тоа ќе ја смениме перцепцијата од денешната реалност и ќе симболизира надеж. Сето тоа ќе го реализираме во 4 годишен мандат, за некои можеби ќе треба и повеќе време“, кажа Мицкоски.
Идејата ни е, додаде Мицкоски, да донесеме надеж кај граѓаните дека можело да биде поинаку.
„Дали сме успеале во тоа ќе видиме, пред нас се неколку недели кампања. Убеден сум дека со презентација ќе предизвикаме чувство кај граѓаните дека Македонија може да почне да победува, а да престане да губи, да се надеваат дека доаѓаат такви политичари со кои може да победува“, рече Мицкоски.