Долгогодишниот новинар и поранешен пратеник, Сафет Биушевац, во вечерашново гостување во „Само вистина“ на Канал 5 , објави дека е избран за претседател на нов политички субјект, ноформираната Бошњачка народна партија.



Во „ексклузивата“ тој уште додаде дека партијата чиј лидер е, сака да биде дел од „новата иднина“ која  треба да ѝ се случи на Македонија, истакнувајќи притоа дека  коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победничка.

За коалицијата на СДСМ, тој изрази мислење дека ќе се соочи со досега најлош успех на парламентарните избори.