Контроверзниот израелски ПР консултант Асаф Еисин кој го откри потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за кого претседателот Пендаровски рече дека се сретнал преку СДСМ доби мистериозна роденденска честитка.
На социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, Еисин добил роденденска честитка од профилот Троловски или Демир.
Во неа покрај откритието дека Еисин денеска има роденден и шегата дека организира роденденска забава се поставува дилема дали е тој автор на изборниот слоган на СДСМ ,,Нема откажување”.
,,51 години на Асаф Еисин, креативниот пиарџија со слоганот “нема откажување од украденото”, пишува Троловски кој најверојатно на шега вели дека забавата се организира хотелот Парк, со почеток во 17.30 часот.
Предходно Николовски постави прашање кој и како го плаќа консултантот за кој Ковачевски го демантира шефот на државата и
дали Еисин средбите со Пендаровски ги остварил во хотел покрај Вардар.
Хотелот Парк е на брегот на Вардар кај Градскиот стадион, арената Тоше Проески.
Еисин досега не реагираше на прашањата поставени од Николовски.
На илустрираната фотографија за роденденот на Еисин се претседателот Пендаровски, лидерот на СДСМ Ковачевски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, генералниот секретар на кабинетот на Пендаровски
Миле Бошњаковски и шефот на центарот за комуникации на СДСМ.
Роденденска забава 🎉
51 години на Асаф Еисин, креативниот пиарџија со слоганот “нема откажување од украденото”
📍Хотел Парк, со почеток во 17.30 https://t.co/IWcnBUt9eO pic.twitter.com/0IvEWTj2RC
— Демир (@Trollowsky) March 27, 2024






