Коалицијата на крилото на АА на Зијадин Села со ДУИ е веќе договорена работа а старо-новиот лидер на Алијанса ќе ја предводи изборната листа во ИЕ број 5, дознава МКД.МК
Се смета дека АА на Села може да добие четворица пратеници плус еден, доколку коалицијата на ДУИ освои 20 пратенички места.
Села е сигурен пратеник преку ИЕ број 5.
Другиу двајца од крилото на Села би можеле да бидат сигурни дека ќе станат пратеници преку листата во ИЕ број 6, а по еден преку изборните единици 1 и 2.
Во интервју на ТВ21 Села објасни дека поради тоа шѓто судскиот процес за тоа кому му припаѓа печатот на партијата Алијанса за Албанците не е завршен, неговото крило нема да може да одиме сами на избори.
„Ни остануваат две опции, или да не учествуваме на изборите, или да се приклучиме на една од двете формирани албански коалиции“, изјави Села.





