ПП-ДБ става крај на мачните обиди за продолжување на животот на актуелната влада..
Николај Денков, (кој 9 месеци беше премиер) денеска ќе го земе мандатот од шефот на државата и ќе врати празна папка, најави утрово за bTV копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ втората по големина партија во бугарското собрание, Кирил Петков.
Марија Габриел се откажа од мансатот – нема влада
Најавено е Румен Радев денеска во 15 часот (бугарско време) да го додели вториот мандат за состав на кабинет на досегашниот премиер во оставка, Николај Денков.
„Нашиот последен обид да го одржиме договорот беше одбиен од ГЕРБ, рече Петков.
Според него доделување на мандат по трет пат,( по оној на ГЕРБ и на ПП-ДБ) за состав на влада на партијата „Преродба“, нема никаква поента.
Петков наајави дека сигурно Бугарија ќе оди на нови предвремени парламентарни избори кои, според него , нужно е да бидат „два во едно“ – односно заедно со гласањето за европратеници – со што би се заштедиле околу 50 милиони евра.






