Семејството Ѓорѓиевски од Скопје изминатиот викенд имаше причина за голема радост!
Имено, 16 годишната Ана Ѓорѓиевска, одбојкарка на ЖОК Вардар ЕМ и репрезентативка на Македонија во саботата одигра солиден меч од првата државна лига со постигнати 16 поени во победата против ОК Вардар жени 2019.

Во неделата во реванш четврт-финалниот натпревар против ОК Газели Ана одигра незаборавен меч постигна за неа рекордни 30 поени!
За жал овој успех на Ана Ѓорѓиевска не беше доволен за победа и нејзиниот клуб загуби и не се пласира во полу-финалето во младинска категорија.
Радоста на семејството Ѓорѓиевски викендов ја надополни 13 годишниот Филип, член на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и репрезентативец на Македонија кој се натпреварува во М14 и М16 лигата за својот клуб.

На натпревар одигран во неделата против М16 екипата од Гостивар постигна забележителни 30 поени, како значаен придонес за својата екипа кон победата во гостувањето од 70:62.
Филип оваа година забележува исклучителни резултати со просек од 25 поени по натпревар, особено во изминатите неколку кола во М16 лигата.
Им честитаме на семејството Ѓорѓиевски и гордите родители на Ана и Филип, со желба за понатамошна упорна работа и успех на клупско и репрезентативно ниво!
Извор Мак Спорт






