Денеска се очекува средба на техничкиот премиер Талат Џафери со лидерот на „Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако тој во неделата најави дека излегува од коалицијатасо СДСМ и дека разговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука“ изјави вчера Џафери.
„…сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период, тоа треба да го реши друг орган“, изјави вчера Џафери.
Стојанче Ангелов завчера на Фејсбук објави дека на генералниот секретар Зечевиќ и на претседателот на СДСМ Ковачевски веќе им предложил да ја понуди својата оставка до Џафери од позицијата во ЦУК, но дека од нивна страна тоа не било прифатено.
Лидерот на „Достоинство“ во неделата во изјава за медиумите рече дека поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, „Достоинство“ ќе излезе од коалицијата со СДСМ.
Според него, иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои,нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале.
Ангелов информираше и дека раководството на партијата донело одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.






