„Обединувањето во Европскиот фронт денес е исто како повикот за влегување во редовите на УЧК во 2001 година! Овој натпревар на Европскиот фронт е како УЧК во 2001 година во Македонија а наш водач е Али Ахмети“ – порача со невидена милитантна реторика Аријанит Хоџа, лидерот на Европската демократска партија, откако денес во Тетово беше потпишан така наречениот „Европски фронт“, чиј предводник се ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети. Изјавата на Аријанит Хоџа ја пренесоа информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА и ТВ Клан Македонија.





