Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.
На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед:
1. Стево Пендаровски
2. Гордана Силјановска Давкова
3. Стевчо Јакимовски
4. Бујар Османи
5. Билјана Ванковска Цветковска
6. Арбен Таравари
7. Максим Димитриевски
Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.





