Во Скопје одбележани 35 години од брендот ,,Манда”

Викендов во Скопје со мала забава беа одбележани 35 години од почетокот на угостителскиот бренд ,,Манда”.



Во присуство на стотина некогашни и сегашни гости и пријатели се зборуваше за брендот со кој на различни локации во Скопје во кој низ децениите, почнувајќи од 1989 година, се собираат голем број гости од најразлични профили.

Сопственикот на ,,Манда” Александар Маниќ за јубилејот доби соодветни подароци од своите гости а сите заедно се потсетија на историјата на овој бренд кој почна во ТЦ Мавровка а преку Трговскиот Центар Скопје сега се наоѓа на почетокот на булеварот ,,Партизанска” во комплексот Тифани.

Меѓу гостите на јубилејот беше и првата екипа на вработени во Манда кои се потсетија и на луѓето кои биле дел од тимот а веќе не се меѓу нас.