Марија Габриел официјално ја повлече својата кандидатура за премиер.



Таа поднесе изјава до Народното собрание дека нема да учествува во собраниската процедура за избор на премиер и нема да предлага структура и состав на Советот на министри, јавува прес-центарот на ГЕРБ.

Документот е поднесен утрово во 9 часот и 9 минути по бугарско време во собраниската писарница.

Во него Габриел посочува дека договорениот „ротациски“ модел на практикување извршна власт во мандатот на 49. Народно собрание предвидуваше замена на лицето што ги врши овластувањата на премиерот со вицепремиер и обратно, по предвидлива и неспорна постапка.

Според договорот ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ, вицепремиерката и министерка за надворешни, Габриел од редовите на ГЕРБ, требаше да ја преземе функцијата од Николај Денков од ПП кој 8 месеци беше премиер.