Пазарењето меѓу ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ за влада со премиерката Марија Габриел продолжуваат и викендов, бидејќи главните партии се подготвуваат за вонредна седница на парламентот, на која ќе се гласа за премиер, структурата и составот на новата влада, пишува бугарски „Сега“
Преговорите се водат телефонски.
Кандидатката за премиер Марија Габриел уште во петокот изјави дека разговорите се водат далеку од очите на јавноста.
Ова ги засилува гласините дека најверојатно ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ нашле начин да ја смират тензијата што се појави меѓу нив во последните денови.
И дека за кабинетот „Габриел“ може да се гласа на почетокот на наредната недела, можеби дури и на вонредна седница на Националното собрание.






