Актуелниот претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, нуди решение како неговите,  „сопаријци“ а приврзаници на Зијадин Села, да не бидат на исти пратенички листи со Демократската унија за интеграција и со ДПА.



Тој се понуди да им даде печат за да направат листа, само за да не одат со ДУИ.

„Не би сакал причина за тоа да биде тоа што печатите не се кај нив. Јас тврдам и ги повикувам – ако сакаат сами да излезат на изборите, јас ќе ги потпишам листите за да може да излезат сами, нема никаков проблем. Не би сакал тие да одат со ДУИ, зашто тоа ќе го погоди секој член и гласач на Алијанса за Албанците. Затоа не сакам да се искомпромитираат до крај, сакам да им помогнам“, изјави Таравари.

Расколот во Алијанса за Албанците по различниот став на Арбен Таравари и Зијадин Села околу настапот на партијата на претстојните избори.

Ставот на Таравари беше дека партијата треба заеднички да настапи на изборите, со опозициските партии на Албанците, а позицијата на Села беше дека Алијанса треба да настапи самостојно.