Носителите на СДСМ се поделија на пола во врска со користењето на името Македонија пред изборите.
Тројца од нив ,,добија амнезија” дека се бореа и ја добија северна но сега пред избори се чукаат во гради само со Македонија.
Другите тројца од срам и страв да ја споменат Македонија без северна не кажуваат ниту М од исконското име.
Во групата на тие без срам кои сега зборуваат само за Македонија се носителите Ковачевски, Сања Лукаревска и Славјанка Петровска.
Внимателните кои се срамат и плашат да проговорат за Македонија се Оливер Спасовски, Венко Филипче и спикерот на парламентот Јован Митрески.
Што порачаа јавно во своите обраќања по номинацијата за носители шесте носители кои се поделија за Македонија пред изборите:
Димитар Ковачевски
Ова е планот на СДСМ за европска иднина на Македонија!
На денешниот 28 Конгрес на СДСМ ги презентирав основните постулати на нашата победничка изборна програма.
Славјанка Петровска
Вечерва, Конгресот на СДСМ ми ја даде довербата да бидам носителка во Шестата изборна единица.
Обединети ќе победиме!
Нема откажување од иднината на Македонија✊
Сања Лукаревска
✊Заедно, како едно, до победата на европска Македонија!
8 мај ќе биде празник на слободата, на демократијата!
✊Благодарам за укажаната чест и доверба да ја предводам кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 3.
Силата на СДСМ и во ИЕ 3 се нашите членови, нашите општински организации, нивниот углед, чест и достоинство во сопствената средина. Заедно сме и ќе дадеме сè од себе за да ги оправдаме очекувањата.
Стабилна сегашност и предвидлива иднина е најмалку што и го должиме на Македонија и на нејзините граѓани.
✊Граѓаните и СДСМ се секогаш добитна комбинација!
Оливер Спасовски
🚩На 8 мај СДСМ е двоен победник!
Благодарност до граѓаните за поддршката и до претседателот @DKovachevski за укажаната доверба да ја предводам победата во Изборна единица 2, заедно со другарот Фатмир Битиќи како носители на листата за пратеници.
Нема откажување од иднината!🇲🇰🇪🇺
Венко Филипче
Ми претставува чест и привилегија да бидам носител на листата на пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 4.
Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе имаат широко влијание во здравството и во другите области кои се важни за граѓаните.
На овој пат, јас ги вложувам моето искуство и интегритет и се обврзувам дека ќе бидам достапен за сите граѓани. Живееме во време на неизвесност и само со емпатија и грижа еден за друг можеме да ја трансформираме неизвесноста во надеж, а стравот во храброст.
Како иден пратеник ќе ги застапувам интересите, не само на граѓаните од ИЕ 4 што ќе ја предводам, туку и на граѓаните од целата држава.
Уверен сум дека со посветеност и соработка ќе направиме значајни промени кои ќе го подобрат животот на сите мои сограѓани.
СДСМ и коалицијата се вистинскиот и единствен избор за сигурна иднина и убеден сум дека вие граѓаните ќе го направите вистинскиот избор.
Јован Митрески
▫️Им благодарам на моите сопартијци и другари за довербата да ја предводам изборната листа на СДСМ и Коалицијата во петтата Изборна единица.
▫️Вечерва, од овој Конгрес на СДСМ, каде се обединети сите прогресивни сили, најавувам уште една победа, победа која ќе овозможи подобар животен стандард, просперитет и развој, но и забрзан евроинтеграциски процес.
▫️Македонските граѓани заслужуваат европска иднина, со европски вредности дома.
Нема откажување од иднината!






