Со 6.760 барања за азил во 2023 година, Македонија се најде на четвртото место во светот според бројот на апликации по жител, а најпосакувани дестинации за македонските азиланти се Германија, Италија и Франција, покажуваат податоците на Евростат.
Само во Германија во моментов има околу 220 илјади мигранти со македонско потекло или 68 илјади повеќе во однос на 2022 година!
Светски лидер е Сирија со 874 барања за азил на 100 илјади жители, пред Грузија со 668 барања, а трета е Албанија.





