Зоран Заев е апсолутен победник на листите на СДСМ за парламентарните избори

Екслидерот и екс премиер Зоран Заев е апсолутен победник на листите на СДСМ за парламентарните избори.



Според тоа што го објави актуелниот лидер Димитар Ковачевски најголем дел од носителите и таканаречените коносители на листите се луѓе блиски или под контрола на Зоран Заев.

СДСМ вечерва во Скопје го одржува 28. Конгрес на кој треба да бидат потврдени кандидатските листи за парламентарните избори.

Пред јавноста се обрати претседателот на партијата Димитар Ковачевски кој ги објави првите и вторите луѓе на шесте листи.

СДСМ претпладнево на седница на Извршниот и на Централниот комитет во напната атмосфера ги утврди листите за кандидати за пратеници:

Носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП.

Во втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски.

Во четворката носител е најблискиот човек на Зоран Заев, Венко Филипче и Јована Тренчевска како коносител, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.

Најмалку 5 од 12 носители или коносители на шесте листи на СДСМ се под директна контрола на Зоран Заев што значи дека тој се уште има огромна моќ во партијата.