Расте тензијата во СДСМ по денешната седница на Извршниот одбор на која се одредуваа пратничките листи за претстојните парламентарни избори. Актуелниот потпретседател на СДСМ и директор на царинската управа, Стефан Богоев, си заминал од седницата, објави Курир.
Претходно седницата ја напуштиле и поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратеник Дарко Каевски. Нешто подоцна Кавески во објава на Фејсбук демантираше дека тој ја напуштил седницата поради незадоволство.
Претходно Клан ТВ објави дека атмосферата на седницата на Извршниот одбор е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ поради, како што велат, самоволието на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.





