Новинарот Ивор Мицковски реагира на неофицијалниот список на носители на пратенички листи на СДСМ на парламентарните избори меѓу кои се екс-премиерот Ковачевски и поранешните министри Спасовски и Филипче, како што објавуваат медиуми.
„Според листите на квази европскиот фронт, народот има шанси не само да го казни октроираниот премиер виновен за општа амнестија и неказнивост, туку и неговиот катастрофален претходник и лажов Заев, како и одговорниот за бегството на Груевски и хаосот со пасошите, одговорните за криминалите за време на пандемијата, онкологија и пожарот во Тетово.
Едноставно една прекрасна банда за шутнуење од политика“ објави Мицковски на Фејсбук
Попладнево Социјалдемократскиот сојуз на Конгрес ќе донесе одлука за листите за пратеници.






