Силјановска со најостра осуда за терористичкиот напад во Москва

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова најостро го осуди терористичкиот напад во Москва каде вчера беа убиени и ранети голем број граѓани на Русија.



Таа повика меѓународната заедница да го осуди чинот и да преземе акција против едно од најголемите зла на денешницата.

,,Најостро го осудувам терористичкиот напад во Москва.

Недвосмислено го осудувам нападот насочен кон луѓе кои настрадаа затоа што беа присутни на концерт во Москва. Ништо не може да ги оправда ваквите грозоморни злосторства. Моето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните семејства.

Му изразувам искрено сочувство на целиот руски народ за загубените животи и за повредените во вчерашниот напад.

Ги повикувам граѓаните на Македонија во Москва на внимателност.

Ја повикувам меѓународната заедница на заедничка осуда и акција против тероризмот како едно од најголемите зла на денешнината”, стои во осудата на Силјановска за терористичкиот напад во Русија.