Терористички напад во Москва – има загинати и ранети

На снимките од трговскиот центар „Крокус сити хол“ во Москва што се објавуваат на социјалните мрежи се гледаат мртви и ранети како лежат на подот.



Маскирани мажи, најмалку тројца, упаднале во приземјето на Крокус и отвориле оган од автоматско оружје. „Секако дека има ранети“, изјави дописникот за РИА Новости. Според Раша Тудеј убиени се најмалку 10, а ранети најмалку 50 луге.

Инцидентот се случил пред почетокот на концертот на групата Пикник. Зградата на „Крокус сити хол“ е во пламен, а над неа се извиваат облаци од црн чад.

Неофицијално, најмалку три вооружени лица во маскирна облека влегле во холот на трговскиот центар и почнале да пукаат.