Неколку македонски медиуми денеска инфомираат дека Артан Груби, во Њујорк, имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц.
Нема податоци во кое својство пратеникот од редовите на ДУИ, се сретнал со медијаторот во разговорите за разликите околу името за што посредникот има мандат од ОН.
Груби му ги пренел на Нимиц сите негови впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби, пишува „ПлусИнфо“.
Според Груби компромисот за името мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што би резултирлоа со оддржлив мир и стабилност во Македонија и регионот.
Артан Груби пред два дена од Њујорк соопшти дека спорот за името меѓу Македонија и Грција е завршена работа.
Целиот текст прочитајте го „тука“ .





