Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе се натпреварува со Арбен Таравари за да помине во вториот круг, вели секретарот за меѓународна политика Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мислам дека местото на Стево Пендаровски во вториот округ не е загарантирано, особено поради честото менување на мислењето. Да го задржеше истиот став и доследност во изјавите од почетокот на мандатот до денес, ќе имаше сериозни шанси да биде дел од вториот круг“, рече Андоновски за „ТВ21“.
Според него, анкетите покажуваат дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Дафкова, ќе влезе во вториот круг со убедливо водство. Разликата се очекува да биде над 80.000 гласови, а јас велам зошто да не и до 100.000“, додава Андоновски.
На прашањето дали очекуваат гласови од албанскиот електорат, Андоновски рече дека ова прашање треба да се постави до кандидатката Давкова и нејзиниот тим.






