Пишува: Свето Тоевски
Ниту по 14 часа од терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа повеќе од 60 луѓе и повеќе од 150 се потешко повредени, нема од „претседателот“ и „Владата“ на „Нашата земја“ осуда и сочувство до народот и раководството на Руската Федерација. Сиот свет, па дури и најлутите непријатели на Русите и Русија од Западот, упатуваат изрази на жалење и сочувства, ама овие инсталирани послушници во државната власт на Македонија продолжуваат со својата кампања „Не за Русија – да за Европа“!
Основна карактеристика на човечност и на цивилизираност е да му се упати на кој било народ, на која било држава, елементарен израз на сочувство, да се осуди таквиот непојмлив чин на терористички убивања на недолжни луѓе, па и деца, но така наречениот „претседател“ Стево Пендаровски и таканаречениот „албански премиер“ на „Р*М“ на така наречената „Влада“ на *Р*М“ и натаму немаат никакви реакции околу катастрофалните случувања во Москва!Или чекаат некој да им дозволи да кажат нешто?!
Срам невиден! Игнорирање на човечката смрт во такви огромни размери! А што ако, не дај Боже, ѝ се случеше на Македонија ваков, или сличен смртоносен чин?! Зарем ако „политичкото и државното раководство“ на „нашата земја“ упатеше до раководството и народот на Руската Федерација осуда и жалење поради терористички чин, тоа ќе значеше дека му „даваат поддршка на Владимир Путин“?!
Ако една држава е држава, а не „Северен Мапет шоу“, или „Северен циркус Медрано“, ако нејзиниот претседател е вистински претседател, ако премиерот на таа држава, па нека е и технички, ако не изразат оосуда на терористичкиот напад и жалење и сочувство поради смртта на загинатите, тогаш тури му пепел на таа „северна“ лажна држава!
Во овие часови тргнете ги настрана вашите мислења за Русија, или за кого било од Русија, господа политичари, лидери и претставници на политички партии, покажете му на светот дека во оваа Република Македонија има човечност, способност да се сочувствува со болката и страдањата на другите луѓе, кои и да се, кај и да се!





