„Космичкиот“ Бујар има „врвна потврда дека не е корумпиран“ од НАТО и од службите на 32 држави-членки!

„Многубројни коментари и интерес во јавноста предизвика барањето на албанскиот кандидат за претседател Бујар Османи за формирање меѓународен Борд (Совет), во кој би биле вклучени НАТО, ЕУ и САД и кој со сертификати би го потврдувал изборот на идните функционери, дали имаат врски со Русија, или дали се корумпирани. Во врска со ова шефот на дипломатијата и претседателски кандидат Бујар Османи одговори на едно прашање поставено на тик ток од еден поединец, кој искоментира околу тоа: „Ти, Бујар, бараш сертификати за другите, но самиот не можеш да добиеш серификат, затоа што си корумпиран?“ – објавија „Алмакос“ и одделни други медиуми на албански јазик во македонија во информацијата со наслов „Бујар Османи му одговара на коментаторот на тик ток: Јас сум единствениот Албанец, кој поседува највисока категорија на НАТО сертификат!“.



Алмакос“ пишува: Бујар Османи на ова одговори на тик ток: „Тоа што го велите не е вистина. Во * Македонија не има нас, двајца, еден Македонец и јас, еден Албанец, кои се наоѓаме во највисока категорија со сертификат за безбедност од НАТО. НАТО има четири вида сертификати, од најслабите до највисоките: “Restricted“ („Ограничено“), „Confidential“ („Доверливо“), „Top Secret“ („Врвна тајна“) и „COSMIC Top Secret” („Космичка врвна тајна“). Ние, двајца во земјава имаме „COSMIC Top Secret” („Космичка врвна тајна“). За да се добие овој сертификат потребно е службите на 32 држави од НАТО да гарантираат тој човек е безбеден за информациите на НАТО и дека нема опасни контакти со руските служби, а тие потврдуваат и околу корупцијата. Јас сум горд, бидејќи сум носител на сертификатот „COSMIC Top Secret” („Космичка врвна тајна“), кој ми овозможува пристап до најдоверливите документи на НАТО, дури и до документите за нуклеарните прашања. Јас сум потврден и имам сертификат од 32 земји на НАТО во однос на безбедноста, корупцијата и сите аспекти поврзани со безбедноста на НАТО. Затоа го предлагам овој модел: секој носител на јавни функции по изборите да помине низ меѓународен Совет, составен од НАТО, САД и ЕУ, за да дадат тие дозвола, или сертификат, потврда во две насоки, дека носителот на јавна функција 1. нема контакти со Русија и оти 2. не е корумпиран.“