„Административна грешка“одговбориле од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, на „црната листа“ на САД, објави „Телма“.



Покрај Јанева, како што беше објавено, забрана за влез во САД добиле и нејзиниот син Лазар, а во првичното соопштениe беше наведен сопругот на Јанева, Венци.

Од Амбасадата за „Телма“ ја потврдуваат грешката и велат дека „имааат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив– според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.

Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција.

Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од амбсадата до „Телма“.