Учеството на Албанците на изборите во два блока е здраво и верувам дека ќе се зголеми и бројот на пратеници Албанци, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата „Зум“ на ТВМ2.
Гаши рече дека коалицијата ВРЕДИ има знаење и мудрост како и храброст да донесе промени и тие не се диригирани од никој, туку дека тие се „гласот и волјата на сите Албанци“, пренесе Telegrafi
Гаши рече дека албанскиот политички спектар оди кон политичко созревање и дека 30 години демократија не се доволни за созревање.
„За жал, со текот на времето ДУИ и ДПА имаа договор да се борат со секој трет субјект што ќе се појави на сцената, а покрај немањето потребна зрелост, важен фактор била и желбата, намерата или напорот на Ахмети да не се занимава со решението на проблемите на Албанците, туку повеќе да се занимава со поделбата на противниците“, изјави Гаши, додавајќи дека преку максимата „раздели па владеј“ ДУИ останала на власт.






