Откако не му се допаднало прашањето, албанскиот премиер Еди Рама ја турна новинарката на ТВ СИРИ, Амброзија Мета додека бил опкружен со новинарски екипи. Целиот инцидент е снимен…
Новинарката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а становите на приватни инвеститори се продаваат во сегашното пристаниште Драч“.
После тоа дошло до физички контакт, на што новинарката реагирала со зборовите „те молам, не ме допирај повеќе“, а Рама си замина..
Албанската телевизија Сири објави дека премиерот на Албанија Еди Рама ја турнал нивната новинарка зашто му поставила прашање.
Некои албански медиуми објавија дека Рама сакал да го допре лицето на новинарката, но на инцидентот реагираше и Здружението на албански новинари, кое соопшти дека Рама го нарушил физичкиот интегритет на новинарот.
Здружението на албанските новинари изразува солидарност со нашиот колега“, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.
Рама ги отфрли тврдењата на новинарката со твит на социјалната мрежа Х, окарактеризирајќи го целиот случај како измислица и наведувајќи дека и други новинари биле сведоци на лажните наводи на новинарот на ТВ Сири.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024






