Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари во емисијата „Интервју“ за ТВ News, изјави дека на изборите ќе победи коалицијата ВРЕДИ, а тоа го потврдувале сите анкети, пренесува Фокус.



Тој го отфрли пропагирањето од страна на ДУИ дека сите политички партии се исти.

„Мораме да и разјасниме на јавноста дека имаме разлики.

Првата разлика е во тоа што на Албанците им требаат промени. Кaкo секој народ, како и секој друг народ и држава.

Дури и да беше се во ред, 22 години се предолги“, рече Таравари.

Таравари нагласи дека по 8 мај коалициата ВРЕДИ ќе биде во идната Влада, додека Владата ќе биде тест период кој ќе влијае и на локалните избори во 2025 година, пренесува Фокус

„Често сум зборувал за победата на 8 мај. Не ја ни сметам оваа победа затоа што ја сметам за завршена работа бидејќи има бран на промени што не запира“, вели Таравари.