„* Македонија, Косово и Албанија се соочуваат и натаму со предизвици, поради политичкото мешање на нивните соседи и имаат пречки во своето интегрирање во ЕУ. Ни остави впечаток и големото влијание на соседите во политиките на овие три држави – големата улога, која ја игра и Бугарија на политичката сцена во * Македонија, како и Албанија, која, како што дознавме, има уставна обврска да се грижи за благосостојбата на Албанците надвор од нејзините граници.“ – изјави за „Гласот на Америка“ Филип Хјуз, претставник на Советот на американски амбасадори од САД, кои не се во кариерата, по нивната посета на * Македонија, Косово и Албанија. Советот на американските амбасадори неодамна објави извештај по таа посета, остварена заради собирање факти. Косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ пренесе покарактеристични делови од интервјуто на Филип Хјуз за „Гласот на Америка“.
„Бота сот“ пренесува: Во интервју за Гласот на Америка, амбасадорот Филип Хјуз, претставникот на оваа групација, која околу себе собира амбасадори, што не се во кариерата, вели дека овие три балкански држави постигнале исклучителен напредок, но и оти се соочуваат и натаму со предизвици, поради политичкото мешање на нивните соседи.
„Глас на Америка“: Кои се вашите наоди по оваа посета на Советот на американските амбасадор, заради собирање факти во Албанија, Косово и * Македонија?
Филип Хјуз: Бевме длабоко импресионирани, поради напредокот, што го остварија * Македонија и Косово по прогласувањето на нивната независност. Истовремено, ни остави впечаток и големото влијание на соседите во политиките на овие три држави – големата улога, која ја игра и Бугарија на политичката сцена во * Македонија, како и Албанија, која, како што дознавме, има уставна обврска да се грижи за благосостојбата на Албанците надвор од нејзините граници. Бевме изненадени од стремежот на овие држави да станат полноправни учесници во евроатлантската заедница и од напредокот, кој го постигнаа при остварувањето на овие цели. Едновремено, во секој случај, тие имаат пречки во интегрирањето во ЕУ.
„Глас на Америка“: Со оглед на овие предизвици, како треба да се ангажираат креаторите на политиките на САД во регионот?
Филип Хјуз: Треба да се обидеме да го продолжиме блискиот дијалог со сите страни во регионот и секако да го продолжиме присуството на американските сили таму. Го посетивме кампот Бондстил во Косово и сме длабоко импресионирани од професионалноста на нашата војска и придонесот, што го дава во регионот…
„Глас на Америка“: Колку е важен балканскиот регион?
Филип Хјуз: Балканот продолжува да биде многу важен, бидејќи е регион, кој остварува економски и демократски регион. Се надевам дека еден ден и Косово ќе го надмине прагот и оти ќе влезе не само во ЕУ, туку и во НАТО, за да го заокружи присуството на алијансата во овој дел од светот. Но, според моето искуство, Соединетите Држави често мора да се занимаваат со итни прашања, а тоа предизвикува доцнење во справувањето со други важни прашања. Во текот на 1990-тите, конфликтите на Балканот беа итни кризи. Сега не се, но тие би можеле да станат повторно дел од итна криза, ако конфликтот во Украина заврши лошо за Украинците, или ако Русија продолжи со својата агресија, или во краен случај, ако се обиде да го стави на тест членот 5 од договорот за НАТО, со настојување да ја скрши алијансата. Затоа, балканскиот регион треба да добива постојано политичко влијание и приоритет од страна на САД.





