Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, синоќа соопшти дека во сабота (23 март) партијата на Конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи за претстојните парламентарни избори.



„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат најмногу поддршка во изборната единица и согласно анкетите ќе ги носиме кадровските одлуки викендов на конгрес“, рече Богоев во гостување на ТВ 24.

Во однос на тоа кои личности ќе бидат на листите и зошто досега не се објавени, Богоев рече дека тие ќе се знаат десетина дена пред да биде крајниот рок за поднесување на листите и ќе има време и за овие кандидати да се дискутира.