Нема влада со Марија Габриел – Бугарија оди на избори

Во 12 часот, како што беше најавено, Марија Габриел, не замина од Народното собрание до претседателската палата, за да го предаде составот за состав на влада на претседателот Румен Радев, иако двете згради се оддалечени само стотина чекори, што значи дека на преговорите ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ не бил постигнат договор.



„Мандатот ќе биде вратен со празна папка, а Бугарија оди на избори“, јавува БГНЕС.

Тоа неофицијалнио го потврдиле претставници на двете најголеми партии, а БГНЕС јавува дека се’ ќе стане јасно во 16 часот кога Марија Габриел ќе оди во кабинетот на претседателот Радев

Откако вчера вицепремиеркатаод ГЕРБ Марија Габриел повторно презентираше друга верзија на преговорите за формирање влада  со „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и постави рок од денеска до 12 часот, утрово повторно продолжиле разговорите.

Но, според неофицијални информации и денеска не бил постигнат договор, што најверојатно значи дека Бугарија оди на следните предвремени избори, кои исто така ќе се одржат „ддва во едно“ со редовните европски избори.