Кој друг ако не Божидар Божиновски ја има објавата на денот на Фејсбук, во која ја поврза „химната“ на градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски, „Не може нам нико ништа“, со неговото осамнување на црната листа на САД.



„Стевчо го смени рингтонот од ‘Не може нам нико ништа’ во ‘Проклета је Америка’“, се пошегува Божиновски со Стевчо, чија прва реакција на веста на денот беше дека му го прават тоа што му го правеле на – Доналд Трамп!

Антологиската стевчова изведба на хитот на Митар Мириќ по победата на локалните избори во Карпош во 2013 година: