Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска соопшти дека околу користење на службени возила за партиски цели, досега има само две опомени и тоа против Артан Груби.
„За опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, уште повеќе што во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс.
Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече“, рече Грковска пренесе ТВ21.






