Актуерлнио9т руски претседател Владимир Путин доби нов претседателски мандат со 87 отсто од гласовите – покажуваат првите прелиминарни резултати од изборите во Русија.
Втор е Николај Харитонов со 4,6 отсто, потоа Владислав Даванков со 4,2 отсто и Николај Слуцки со 3 отсто. 87 отсто од гласовите се рекорден резултат дури и за Русија, минатиот пат Путин победи со 76 отсто. Во ДПР и ЛПР, резултатот за Путин достигна 94-95 проценти.
Сепак, рекордот најверојатно ќе биде поставен во Белгородската област, каде Путин водеше со 96,45 отсто
Последниот ден од изборите во Русија беше одбележан со протести организирани од опозицијата, кои започнаа напладне во секоја од 11-те временски зони во земјата, како и во странство.
Според уставните промени што тој ги иницираше во 2020 година, Путин има право да бара уште два шестгодишни мандати што потенцијално ќе му овозможи да остане на власт до 2036 година.
До 2029 година неговиот мандат ќе го надмине оној на Јосиф Сталин, кој владееше со Советскиот Сојуз 29 години, со што Путин станува лидер со најдолг стаж во земјата од руската империја по кралицата Катарина Велика.





