Прочка не е амнезија, смее ли човекот што ги нападна загинатите во Беса Транс да зборува за реформи (ВИДЕО)

Смее ли човекот што ги обвини загинатите во трагедијата предизвикана од автобусот на Беса Турс во Бугарија, да прави реформи, е прашањето кое го поставува јавно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.



Стоилковски е иритиран и смета дека Владимир Пивоваров нема морално право да зборува за безбедносни теми затоа што по трагедијата во која загинаа 45 граѓани ги обвини загинатите што не барале документи за исправноста на автобусот во кој ги загубија животите.

,,Пивоваров од СДС којшто ги обвини луѓето што изгореа живи дека се виновни оти не ја побарале лиценцата за автобусот на #Бесатранс, ене го Национален Координатор за гранично управување, па гостува по ТВ за #полиграф, ќе правел реформа?
Прочка не е амнезија”, пишува Стоилковски.

Пивоваров денеска беше гостин на вестите на Сител телевизија каде разговараше со Марјан Николовски.