Денеска е последниот ден кога најгоилемите партии во бугарскиот парлемент ГЕРБ и ПП-ДБ имаат шанса да се договорат и да продолжат со заедничкото управување.
Претседателот Румен Радев утре, 18 март, ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада на Марија Габриел – кандидатката предложена од ГЕРБ.
Така ќе се испочитува принципот на ротација за кој двете политички сили се договорија кон средината на минатата година.
Пред неколку дена лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека доколку се постигне договор, Габриел ќе го соопшти на примање на мандатот од претседателот Радев.
Во случај на неуспех, нема да се преговара повеќе, туку директно ќе се оди на предвремени парламентарни избори, јасвува „Сега“.





