Зоран Милановиќ рече дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател на државата и најави дека сепак ќе биде кандидат за премиер „доколку уставните судии на ХДЗ ја извршат наредбата на кукавицата Пленковиќ“ и му забранат да биде на списокот  кандидати за пратеници.



„Андреј Пленковиќ и неговите членови на ХДЗ од вчера се свесни дека ги губат изборите за хрватскиот Сабор. И затоа веднаш во страв од пораз почнаа да ја оспоруваат уставноста на моето учество на парламентарните избори“ објави Милановиќ на Фејсбук

Вели дека ако се повлече од функцијата Претседател на Републиката пред да победи на овие избори и пред изборот на нов претседател на хрватскиот Сабор, функцијата претседател на Републиката привремено би ја презел членот на ХДЗ, Гордан Јандроковиќ. Значи, во тој случај Пленковиќ и Јандроковиќ би управувале со државата, би ја преземале апсолутната власт во Хрватска што со посакуваат вели Милановиќ.

„Јас како претседател на Републиката ќе бидам кандидат за премиер (на листата или не, тоа е сосема небитно), а по нашата победа на изборите и по конституирањето на новото свикување на хрватскиот Сабор ќе се повлечам од функцијата Претседател на Републиката…

Откако ќе го соберам мнозинството претставници, ќе побарам од в.д. претседателот на Републиката да ми го довери мандатот за формирање на новата Влада на Република Хрватска“.